
Синоќа околу 20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т. (30) од Скопје, откако било пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање од огнено оружје.
Како што информира МВР, околу 19:45 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пукање на улица „Дижонска“. Полициските службеници веднаш излегле на терен, презеле соодветни мерки и го затекнале осомничениот Р.Т. со пиштол во негово поседување.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

