Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје

25/04/2025  18:10

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.

– Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.