
На 08.05.2025 во 21.00 часот на улица „Маршал Тито” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.М.(48) од Радовиш. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби.
Е.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.