Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

27/06/2025  10:34

На 26.06.2025 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(38) од Куманово, поради сомнение дека на 26.06.2025 од продажен салон во Куманово одзел мобилни телефони.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. М.Ф. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.