
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, денеска го промовираше завршувањето на работите за целосната реконструкција на улицата Борче Јовановски, во централниот дел на градот, во должина од 250 метри.
Овој проект е реализиран според највисоките стандарди за изградба и опфаќа не само асфалтирање на улицата, туку и целосна рехабилитација на подземната инфраструктура. Во рамките на работите е извршена замена на водоводните цевки, како и уредување на атмосферската канализација.
За време на реализацијата на овој проект, за прв пат е поставена и мрежата Геогрид, современа технологија која се користи во европските земји за зајакнување на слоевите на асфалтот. Овој систем помага во спречување на пукнатини и деформации на улицата и ја двојно ја зголемува издржливоста.
Со реализацијата на овој проект, Општина Гостивар продолжува со залагање за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за граѓаните.

