Skip to main content
Свет

Лидерот на Панама му одговори на Трамп: Подалеку рацете од Панамскиот канал, тој не им припаѓа ниту на САД, ниту на Кина

21/01/2025  10:33

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да ги држи рацете подалеку од Панамскиот канал и дека САД никогаш нема да го вратат.

„Каналот е и ќе остане панамски, а неговата администрација ќе остане под панамска контрола во однос на неговата постојана неутралност“, повтори Мулино во изјавата по инаугурацискиот говор на Трамп во понеделникот.

Мулино го отфрли и тврдењето на Трамп дека Кина го контролира каналот што го поврзува Карипското Море со Тихиот Океан.

„Нема присуство на ниту една нација во светот што се меша во нашата администрација“, рече Мулино, без директно да ја спомене Кина.

Мулино повика на дијалог за ова прашање за „да се разјаснат покренатите точки без да се наруши нашето право, целосниот суверенитет и сопственоста на нашиот канал“.

Управата на Панамскиот канал изјави за Си-Ен-Ен дека нема да ги коментира изјавите на Трамп.

Медиумот потсетува декa за време на неговото инаугуративно обраќање, Трамп тврдеше дека Панама ги прекршила договорите кои бараат неутралност во операциите на каналот.

– Американските бродови се строго оданочени и не се третираат праведно на кој било начин, облик или форма. И пред се, Кина управува со Панамскиот канал, а ние не и го дадовме на Кина. „Ние и го дадовме на Панама и го враќаме“, рече Трамп.