Skip to main content
Македонија

Лиценците за работа во градинките повторно активни по двегодишната блокада

13/08/2025  11:49

Околу 350 лица денеска ќе полагаат за лиценца за работа за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори која обрска е задолжителен предуслов за вработување во детските градинки.

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска присуствуваше на полагањето на стручниот испит на Филозовскиот факултет кој процес беше блокиран од 2023 година.

-Денес сакам да ве информирам дека конечно го одблокиравме процесот на полагање стручни испити за доделување и добивање лиценци за работа, во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година. Поради нефункционален електронски систем за полагање, голем број на кандидати не може да пристапат кон испитот што предизвика застој токму кога имавме најголема потреба за кадар во градинките на нацинално ниво. Се со цел надминување на овој проблем, и на оваа ситуација, извршивме измени во Законот за заштита на деца, со кој се овозможи стручниот испит да се спроведува и во хартиена форма и тоа до 1 јануари 2026 година, а по тој рок процесот за лиценцирање ќе продолжи по електронски пат, истакна Лимани.

Информираше дека денеска ќе полагаат околу 350 лица, а до крајот на овој месец уште 350 кандидати ќе имаат можност да го завршат овој процес и да се стекнат со соодветна лиценца за работа.

Лимани нагласи дека сите пристигнати барања за стекнување со лиценца детално се разгледуваат и потенцира дека секој барател ќе биде исконтактиран од страна на комисијата.