Skip to main content
Македонија

Левица: Успешен филибастер во Советот на Скопје- Левица ги враќа правата на опозицијата одземени од Вмровски резим 

07/04/2026  20:55

Соопштение, ПП Левица


Откако претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, ѝ го одзеде правото на збор на советничката од Левица, Милица Давчева, по конкретна точка од дневниот ред, советничката група на Левица реагираше на ова грубо кршење на Деловникот.

Ова е континуирана пракса на ДПМНЕ – режимско замолчување на опозицијата преку кратење на време, недозволување на реплики и контрареплики, игнорирање на процедурални забелешки и директно спречување на советници да земат збор.

Откако сите процедурални механизми беа исцрпени и игнорирани, Левица одговори со 10-минутен молк од говорница – јасна порака дека нема да дозволиме авторитарно водење на Советот.

По ова креативно и принципиелно спротивставување, беа вратени правата кои ионака ни следуваат според Деловникот.