Skip to main content
Македонија

Левица поднесе претставка за Упатството на ААВМУ со кое на партијата и е забрането рекламирање за Локалните избори 2025

25/09/2025  16:30

Левица денеска до АВМУ, ДИК, ДЗР, ДКСК и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација достави претставка за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025. Во продолжение интегрален текст од соопштението на Левица:

Во прилог на овој меил, во целост Ви ја испраќаме Претставката (забелешките и правното мислење по повод противуставноста и политичката дискриминација на Нацрт-упатството за ППР) која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со оваа претставка реагираме по повод Нацртот на новото скандалозно и досега невидено и нечуено Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое е произволно, паушално и противправно толкување и извитоперување на смислата и духот на законските одредби.

Со ова Упатство се создаде драконски рестрективна правна интерпретација, невиден скандал во историјата на независна плуралистичка Македонија и за прв пат на една легална регистрирана партија ќе и биде забрането да се рекламира дури и со свои пари. Ова е еклатантен облик на директна политичка дискриминација и повреда на еднаквоста и рамноправноста.