Skip to main content
Македонија

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

02/07/2025  16:33

Соопштение на Левица:

Пензионираните пожарникари повторно ќе ја спасуваат Македонија од летните пожари. Во државата моментално има само еден исправен ер трактор за гаснење на истите. После една година власт на ДПМНЕ и ЗНАМ, условите за работа на противпожарните единици не се подобрени по ниту еден параметар. Нè очекува уште едно лето во кое безбедноста на граѓаните е оставена на последно место.

Власта никако да ја научи лекцијата и покрај тоа што минатата година изгореа 90.000 хектари површина, што е околу 4% од територијата на Македонија. Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување наместо да се заложи за обезбедување на ер трактори, ја лаже јавноста дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Го прашуваме Христијан Мицкоски, дали тој ќе поднесе одговорност, доколку и ова лето ни се случи катастрофа со пожарите како и претходното, со оглед на тоа дека со негова одлука Стојанче Ангелов е преземен како кадар на валдата на СДС и ставен да управува со овој важен ресор од неговата влада?

Потсетуваме, при креирањето на Буџетот за 2025 година, пратениците на Левица поднесоа амандман 200 милиони денари да се додадат во ставката за купување на опрема и машини за да се прераспределат на територијалните противпожарни единици. За жал, владејачкото мнозинство од ДПМНЕ одби да го прифати овој амандман, што неминовно ќе доведе до потешкотии со превенирање на пожарите и несомнено ќе ги доведе шумите, но и граѓаните во опасност.

Државата сè уште е во катастрофална состојба и не може да превенира или да се справува со пожарите во летниот период. За системската негрижа на ДПМНЕ и СДСМ и не инвестирање во системот за противпожарна заштита, данокот го плаќаат македонските шуми, планини и полиња! Доколку државата итно не интервенира со неопходното купување на нова противпожарна опрема, техника како и обучување на пилоти и зголемување на бројот на ер тракторите, превенција од нови катастрофи тешко дека ќе има.