
Соопптение за јавност на Левица:
Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на Брвеница од ВРЕДИ – Хаќим Рамадани, предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам, во очигледно отсуство на проекти и визија за развој на сопствената општина! Рамадани од ВРЕДИ во јавно обраќање од дијаспората наместо да говори за проекти, со шовинистичка реторика го глорифицираше сепаратизмот на Илирида, со што директно промовира национална и етничка омраза против македонскиот народ.
Рамадани потврди дека во општина Брвеница се обединети заедно со ДУИ во вториот круг против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, што ја демонстрира сервилноста на Мицкоски кон помалиот коалиционен партнер. Иако Мицкоски предводи влада со апсолутно мнозинство, иако целиот политички наратив со кој ја доби поддршката на народот беше дека неговата влада нема да “коленичи” – ДПМНЕ ги остави Тетово, Гостивар и Струга без свои кандидати за градоначалници.
Овие штетни наративи од политичари заглавени во минатото (како Рамадани) создаваат само поделби и нетрпеливост, додека населението масовно се иселува од Македонија поради растечката сиромаштија и корупција. И на сите овие анти-македонски изјави, кои го понижуваат достоинството на македонскиот народ, Мицкоски одбира да молчи за да го сочува мирот во сопствената влада.
Левица јавно прашува: дали Мицкоски ќе биде само нем набљудувач пред изјавите на неговите коалициони партнери, кои директно шират омраза против македонскиот народ и глорифицираат сепаратизам против унитарниот каракатер на Републиката?!

