Skip to main content
Македонија

Левица го поддржува бојкотот на маркетите: Власта на Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал

28/01/2025  22:01

Законот за нефер трговски практики беше чекор напред, истиот очигледно е недоволен и неправилно се имплементира. Затоа сметаме дека бојкотот може да делува како сигнал до трговците, но и до власта, дека граѓаните се незадоволни и свесни за манипулациите. Сепак, без системски мерки од страна на Владата, како воведување на поголеми даночни обврски за монополи, контрола на маржите и заштита на домашното производство, бојкотот ќе биде само привремено решение“, велат од партијата.