Skip to main content
Македонија

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници

12/09/2025  17:28

Соопштение на Левица:

Левица со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа.

Кандидатите на Левица се:

Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик

Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности

Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација

Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер

Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани

Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски”

Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина

Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина

Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии

Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма

Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.

Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.

За Левица, општините се темелот на вистинската промена.