
Соопштение на Левица:

Додека власта си мери економија во проценти, народот мери со празни паричници и недостижна потрошувачка кошничка. Додека од една страна Мицкоски и неговите министри серкојдневно зборуваат за позитивни трендови и раст на економијата, од друга страна зголемената сиромаштија, ниските плати и растечките цени не претставуваат позитивен тренд за работникот, пензионерот, студентот.
Инфлацијата и понатаму го јаде животниот стандард. ММФ прогнозира инфлација од 3,4% за оаа година. Невработеноста кај младите останува проблем број еден. Растот е со намалена надворешна побарувачка, трговската несигурност на ЕУ дополнително се заканува на извозот.
Светска Банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од само 2,6%, што е најмал раст во Западен Балкан за оваа година, а е далеку од амбициозната владина прогноза од 3,7%, која министерката за финансии ја нарекува „реална”.
Левица бара економија по мерка на граѓаните, не на елитите:
-Системска поддршка на домашното производство наместо потпирање на странски компании со државни субвенции.
-Намалување на ДДВ за основни продукти и електрична енергија.
-Зголемување на минималната плата на 500 еур
-Системска помош за сиромашните и невработените, наместо лажна слика за раст.