Skip to main content
Скопје

Левица: Два дена по избори – тони ѓубре во Ново Лисиче

21/10/2025  13:49

Во срцето на Ново Лисиче, само два дена по изборите, контејнерите прелеваат, а околината е полна со изборен отпад – летоци, плакати, картони, шишиња…

Слика и прилика на тоа колку им е грижа. Пред избори сите беа на улица, ветуваа чист воздух и чисти улици, а сега, ни воздух, ни улици само смет и контејнери што прелеваат.

Ниту општината, ниту јавните претпријатија досега реагирале. Очигледно побитна им е кампањата за втор круг, отколку хигиената во општината.