
Соопштение за јавност на Левица:
Фејсбук статус на советничката на Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.
Денес требаше да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје во врска со дивоградбите во Чаир и другите општини. За тоа што се случи во Советот денеска, театар е мал збор.
Најпрво не се изгласа оправданоста за одржување на вонредната седница затоа што немаше мнозинство – ДПМНЕ, ДУИ и ЗХГ гласаа воздржано, но на поединечното гласање ЗХГ гласаа ЗА, па се обезбеди мнозинство за да започне седница.
Но, веднаш потоа кога се гласаше дневниот ред, повторно ДПМНЕ, ЗХГ и ДУИ беа воздржани и истиот не беше усвоен и со тоа вонредната седница за дивоградбите во Чаир и другите општини не се одржа.
И тука почнува вистинскиот театар:
– ДПМНЕ поднесоа барање за нова вонредна седница за дивоградбите во Сарај и другите општини.
– Кога видоа од ДПМНЕ дека сите советници ќе го подржат барањето и за таа вонредна седница и откако видоа дека поднеле барање и за другите општини, (а не само за Сарај), незнаејќи како да постапат, прво се повлекоа на координација, а потоа го повлекоа барањето за вонредната седница, кои самите тие го поднесоа, а кое сите ќе го подржевме, очигледно со единствена цел да не се дискутира за дивоградбите во Чаир.
Со тоа заврши и таа вонредна седница уште пред да почне. Зошто советниците на ДПМНЕ побегнаа и не сакаа да се одржат вонредните седници за дивоградбите во Чаир, Сарај и во другите општини во Скопје, дали и кого штитат и што сакаат да сокријат од јавноста, претпоставете сами.
Колеги советници од ДПМНЕ, ако навистина го штитите интересот на народот, а не на урбаната мафија, еве јавно објавувам дека советничката група на Левица ќе го поддржи секое барање за дискусија за дивоградбите и во Чаир и во Сарај и секаде во Скопје, само осмелете се (ако смеете) и не бегајте од седниците.