Skip to main content
Македонија

Левица: ДПМНЕ четири години ги манипулира жителите на Долно Лисиче за регионален пат!

16/10/2025  15:16

На дебатата на ТВ24, носителот на советничката листа на Левица, Дејан Ристевски, зборуваше за шверцерското усвојувањето на деталниот урбанистички план за Долно Лисиче, спротивно на волјата на граѓаните.

И покрај петицијата на над 150 жители кои бараа планот да не се носи сè додека патот што поминува низ самата населба не се пренамени од регионален во локален, мнозинството на ДПМНЕ во Советот насилнички го изгласа ДУП-от , без консултација, без транспарентност и без почитување на народната волја!

Жителите со години трпат поради тешките товарни возила кои минуваат по патот, предизвикувајќи пукнатини на ѕидовите од куќите и силни потреси.

Локалната власт на ДПМНЕ ги лажеше луѓето дека вината е кај централната власт на СДСМ, но лагата падна кога ДПМНЕ ја презеде власта и повторно не им го реши проблемот кој им го ветуваше.

ДУП-от во Долно Лисиче е катастрофален и мора итно да се ревидира!

Левица ќе се залага за урбанизам по мерка на граѓаните, а не по диктат на бизнис интереси и партиски спонзори!

Време е да се врати гласот на жителите во Советот!