Skip to main content
Македонија

Левица: Доцни исплатата на парите за членовите на изборните одбори

26/01/2026  17:54

Левица го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година, соопштија од партијата.

Велат „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен“.

„Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба. Со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес. Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес“ е ставот на Левица.