
Роберт Левандовски, напаѓачот на Барселона, продолжува да постигнува голови и покрај тоа што има 36 години.
Тој во четвртокот вечерта постигна еден од победничките голови против Осасуна (3:0) и со тоа остана на врвот на листата на стрелци во Ла Лига.
Полјакот има постигнато 23 гола, додека зад него е ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кој има постигнато 20 гола.
Откако наполни 36 години, популарниот Лева постигна 21 гол во Ла Лига. Со тоа тој стана вториот фудбалер во 21 век кој постигнал над 20 гола во Топ 5 лигите во Европа на 36+ години.
Пред него истиот подвиг го постигна и Лука Тони, кој во сезоната 2014/15 постигна 22 гола за Верона во Серија „А“. Во сите натпреварувања од почетокот на сезоната Левандовски има 36 гола.