Skip to main content
Магазин

Лековита моќ на дињата – Од зајакнување на имунитетот до заштита на срцето

23/08/2025  22:48

Иако повеќето ја сметаат за овошје, дињата всушност припаѓа на семејството на краставици и спаѓа во зеленчукот. Омилена во жешките летни денови, таа е исклучително здрава и може да се консумира во големи количини, дури и од луѓе со вишок килограми. Причината е едноставна – во 100 грама има само 34 калории и мала количина шеќер, иако е многу слатка.

Дињата е богата со витамини и минерали – витамин А, Ц, калциум, магнезиум, фосфор и биотин. Содржи и калиум, кој е клучен за здравјето на срцето и регулација на крвниот притисок.

Лековити својства на дињата

  • Го зајакнува имунитетот: благодарение на фитонутриентите, витамин А и Ц, помага во борбата со воспаленија и стимулира производство на бели крвни клетки.
  • Го чува изгледот: витамин А ја навлажнува кожата и косата преку стимулирање на себумот, а витамин Ц го гради колагенот – комбинација која штити од брчки и предвремено стареење.
  • Го регулира крвниот притисок: калиумот овозможува рамнотежа на натриумот, го намалува ризикот од срцев удар и ја чува густината на коските.
  • Го чисти организмот: растителните влакна од дињата помагаат при детоксикација и надуеност.
  • Антиракови својства: бета-каротенот има превентивна улога кај ракот на белите дробови, грлото на матката, желудникот и усната шуплина.

Покрај тоа што е вкусна и освежителна, дињата е вистински сојузник за здравјето и убавината. Може да се јаде свежа, но и да се користи како природна маска за кожа и коса.