Skip to main content
Свет

Лекарите на папата Франциск решиле да го прекинат медицинскиот билтен

14/03/2025  21:31

Денеска лекарите на папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија соопштија дека неговата состојба е стабилна и решиле да не составуваат медицински билтен.

Папата го продолжува лекувањето во римската болница Ѓемели, каде што беше примен пред четири недели, пренесува Анса.

Претходната вечер прес-службата на Ватикан соопшти дека состојбата на папата е стабилна, но дека клиничката слика „останува непроменета и сложена“.