Skip to main content
Македонија

Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата

03/02/2025  12:33

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Возачот убиец кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, дента наместо во возило требал да биде во затвор, ако судијката Даниела Алексовска Стојановска, наместо во поправен дом го испратила во затвор како што според закон и требала да постапи.

Возачот убиец бил фатен за трговија со наркотици, и по ниту еден основ не можел да заврши во поправен дом.

Судскиот совет да не чека да помине време, туку веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, а ЈО да отвори постапка за истата како и зошто досудила таква одлука“, потенцира во изјавата Лефков.

ЈО и судството немаат повеќе слободно време, народот очекува да се фатат за работа и спроведување на законот. Одговорност мора да има, изјави Лефков.