Метео анализа на Славчо Попоски:
Почнувајќи од 3 јануари, па во деновите потоа, вклучувајќи ги и Божиќните празници, но и деновите по 10 јануари, штои значи дека станува збор за доста долг период, судејќи нормално според најновите излези на прогностичките модели, целиот Европски Континент, вклучувајќи го и целиот Балкан ќе биде заледен и зафатен од екстремно студен бран кој ќе се спушти од Арктикот кон Европа и Балканот. Во склоп со циклонски активности ќе има и чести и обилни снежни врнежи, на повеќе места во вид на снежно невреме.
На многу места низ Европа температурите ќе се спуштаат под -10, -15 степени, исто така во многу делови од континентот се очекуваат температури дури до , па и под -20 степени, а понекаде дури и до -30, во Алпскиот регион и под -30 степени.
Покрај тоа што многу снег ќе има и на Балканот, во вид на снежно невреме, и на Балканот температурите ќе бидат екстремно ниски и во делови од Балканот се очекуваат температури дури до околу, па и под -20 степени, а локално и до околу, па дури и под -25 степени, односно близу -30 степени.
Секако ако вака останат работите и во следните излези на прогностичките модели, треба да се подготвиме за уште еден нов Метеоролошки екстрем, овој пат низ цела Европа и Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Инаку неодамна многу делови од Балканот се соочија со големо снежно невреме, каде во делови од Балканот наврна над еден и половина метар снег, оваа зима започна и наликува како оние дамнешни зими од деведесеттите години.