
Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни. Таа доби и петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови, а пресудата ќе ја спречи да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Таа ја напушти судницата додека главниот судија ја читаше нејзината казна и одби да даде изјава.
Претходно денеска, Ле Пен кога беше прогласена за виновна бидејќи нејзината партија Национален собир (РН) незаконски користела пари од Европскиот парламент за исплата на партиски членови.
Покрај Ле Пен за виновни се прогласени уште осуммина сегашни и поранешни членови на РН, кои исто како неа, претходно биле пратеници во ЕП.
На 18 месеци затвор, од кои шест ефективни е осуден и заменик-претседателот на РН, Луис Алио. И него му е изречена тригодишна забрана за вршење јавна функција.