Skip to main content
Хроника

Лажеле дека ги згазила кола – Двајца гостиварчани со лажна пријава во полиција

01/04/2025  12:12

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.С.(22) и Р.Р.(30), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, соопшти МВР.

На 12.08.2024, пријавените лажно пријавиле дека на мост од река Вардар во Гостивар биле удрени од патничко возило, кое го напуштило местото на несреќата.