Skip to main content
Забава

Лазаров вели повеќе не го почитува Боки 13 – не соработуваат повеќе

18/02/2025  22:02

Јутјуберот Стефан Лазаров деновиве е гостин на поткастот на Сител телевизија и меѓу другото тој се осврна и за прв пат проговори за неговиот однос, сега, со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Имено тие двајца кон крајот на минатата година заедно организираа голем “гивавеј” кој заврши неславно, односно беа обвинети дека истиот го прават нелегално по што Јовановски веднаш се повлече, со образложение дека неговото здравје се влошило.

Лазаров во поткастот на Сител истакна дека до неодамна го почитувал Боки, но повеќе не и додаде дека не би коментирал повеќе во овој момент затоа што се уште бил тажен, имал емоции и се плаши дека може нешто да додаде или одземе, што не треба.

„Ќе одберам во овој момент да не зброрувам на таа тема затоа што чувствувам тага, чувствувам емоција. Кога чувствуваш емоција не можеш да кажеш се’ онака.. можеби на нешто ќе ставиш плус, на нешто ќе одземеш, ама веќе не го почитувам. Не соработуваме повеќе, соработката заврши“, вели Лазаров.

Меѓу другото истакна дека месецов сакал да се откаже од се и да се повлече, да се одмори затоа што како што вели работел чесно и легално, се трудел да создаде нешто а бил обвинуван за работи кои не се во ред.

Најавата погледнете ја со клик ТУКА.