Skip to main content
Спорт

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија

12/03/2026  19:50

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави списокот со ракометари за претстојниот контролен дуел против Австрија, во рамки на ЕХФ неделата.

Во составот недостасуваат искусните Никола Митревски, Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Мартин Серафимов, а во репрезентацијата се враќа Марјан Лазаревски, кој поради повреда го пропушти Европското првенство во јануари.

Избраниците на Лазаров ќе се соберат во вторник, а дуелот против Австрија на гостински терен во Брегенц е закажан за 21 март со почеток во 18 часот.

Натпреварот со Австрија ќе им послужи на македонските репрезентативци да се подготват з мајските бараж пресметки против Украина или словачка за пласман на Светското првенство 2027.