Skip to main content
Свет

Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите

24/02/2025  11:32

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе престане да се бори во Украина само кога ќе го добие она што го сака од преговорите за ставање крај на конфликтот што рускиот и американскиот претседател сакаат да го иницираат.

– Ќе ги прекинеме непријателствата само кога овие преговори ќе доведат до солиден и траен резултат што ќе и одговара на Руската Федерација, изјави Лавров за време на посетата на Анкара.

Москва бара де факто предавање на украинската армија, бара Киев да отстапи пет региони кои се целосно или делумно окупирани, како и откажување на Киев од влезот во НАТО и воспоставување нови власти.