Skip to main content
Свет

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

15/08/2025  12:07

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на Алјаска за претстојниот руско-американски самит во сив блузон со натписот „СССР“. Снимката која се појави на Телеграм каналот на весникот „Известија“ се прошири на социјалните мрежи. Лавров даде брза изјава одејќи од службениот автомобил до хотелот во Енкориџ.

– Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме – рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат руските медиуми.