Skip to main content
Македонија

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело

30/06/2025  22:35

Новинарот Драган Павловиќ Латас одговори на заканите од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Латас најави и кривична пријава и додава оти не е битно дали Костадинов „бил нашмркан кога го пишувал тоа“.

„Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело“, пишува Латас.