Skip to main content
Македонија

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Викендов без врнежи, но температури до, па и под -10 степени

26/12/2024  16:13

За време на претстојниот викенд ќе имаме стабилизирање на времето и многу повеќе сонце, но токму поради разведрувањето кое се очекува, наутро ќе биде многу студено со минимални температури кои понекаде, особено во повисоките населени места како и на планините и Скијачките центри ќе се спуштаат до околу па и под -10 степени. На другите места од Македонија наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен.

Ветерот кој го имаме со засилен интензитет од северен и од североисточен правец, значително ќе ја намали својата брзина, особено во недела.

Што се однесува до времето во Скопје и околината за претстојниот викенд, ќе биде претежно ведро и сончево со мала локална облачност. Ветерот од северен правец значително ќе ја намали својата брзина, особено во недела. Наутро температурата ќе се спушта до околу -2, -3 степени.

Максималните дневни температури пак за време на викендот и понатаму ќе бидат релативно ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, во Скопје до околу 5 степени.