Skip to main content
Македонија

ЛАДЕН РУСКИ БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни го носи првиот снег за оваа сезона!

28/09/2025  10:23

Новата седмица во нашата Република Македонија ни носи многу поладно време со невообичаено ниски температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на месец октомври. Температурите ќе бидат дури за 10 степени потпросечни.

Токму ова е поради влијанието на многу поладен воздух кој ќе се спушти од исток и од североисток односно од Русија кон нашиот дел од Европскиот Континент. Исто така новата седмица ни носи нови обилни врнежи од дожд и големо количество на воден талог, особено во вотрата половина од седмицата.

Поради заладувањето во нашата Македонија го очекуваме и првиот снег на планините за оваа сезона.

Што се однесува до регионот, снежната граница би можела да се спушти дури и пониско (до околу па дури и под 1000 метри надморска височина) тоа значи дека појава на снег ќе има и во повисоките населени места.

Во следните мои метео објави следува детална метео анализа околу тоа што точно не чека од времето во текот на новата седмица во нашата Република Македонија.