Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, освоениот бод синоќа со Унгарија на Светското првенство 2025 го посвети на Александар Јовиќ кој вчера ненадејно почина.
– Не потресе веста за смртта на Александар Јовиќ. Тој човек има многу направено за нас. Овој бод нека биде за него. Многу ни е жал и на сите во македонскиот ракомет ќе ни фали во иднина. Што се однесува до натпреварот со Унгарија, горд сум на сите наши играчи. Верувавме во успех и покажавме како се игра за Македонија. Благодарност до сите наши навивачи кои ни даваа поддршка. Со Холандија да ја повториме денешната игра, да имаме малку повеќе среќа на крај и да се радуваме на победата, изјави Кузмановски.
Натпреварот со Холандија ќе се игра утре со почеток во 18 часот.
Холанѓаните во првото коло од групата Д убедливо ја совладаа Гвинеја со 40:23.