Skip to main content
Свет

Курдите во Сирија добиваат државјнство и право на мајчин јазик

17/01/2026  16:58

Претседателот на Сирија, Ахмед ал Шара издаде декрет со кој на Курдите им се враќа државјанството и официјално се признава нивниот јазик.

Првпат курдскиот индентитет е признат како дел од сириското општество а курдскиот јазик е прогласен за национален јазик заедно со арапскиот.

Признавањето на Курдите уследи по минатонеделните жестоки судири помеѓу владините сили и курдските Сириските демократски сили (СДФ) во Алепо, при што загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.

Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигна  мал напредок.