Skip to main content
Македонија

Куманово ќе гради кружен тек во близина на автобуската станица

01/04/2025  14:29

Општина Куманово ќе грaди уште еден кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“, улицата „Доне Божинов“ и крак од улицата „Братство единство“, информираа денеска од секторот за комунални дејности.

Подготовките за изградбата се започнати, отстранети се бараките. Тендерот за избор на градежна компанија е завршен во декември, лани. Општината за изградбата на кружниот тек одвои скоро 23 милиони денари (22.599.761,20). Кружниот тек ќе има површина од 4.776 метри квадратни. Изградбата предвидува расчистување на просторот Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање.
Претходно Oпштината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.

Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот на „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“.