Skip to main content
Хроника

Кумановка останала без 2.000 евра – Ја измамиле дека синот и снаата прегазиле дете

21/02/2025  19:44

Кумановка била измамена за 2.000 евра од лице кое на телефон се претставило како полицец и ѝ рекло дека мора да плати пари за да не бидат кривично гонети нејзиниот син и снаа кои наводно прегазиле дете во сообраќајка, информираше кумановската полиција.

„На 20.02.2025 во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично“, се вели во полицискиот билтен.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.