
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”.
Пријавениот, за да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 година купил бајонети, сабји, швајцарски целин за планинарење и фигура со облик на глава на лав, кои претставуваат добра под привремена заштита, а потоа ги продавал преку онлајн страница на социјална мрежа.

