
Кривична пријава за 26-годишен кумановец кој на 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници. Набргу бил фатен и лишен од слобода.