Skip to main content
платено политичко рекламирање
Хроника

Кумановец измамен за 1,1 милион денари при купување градежни машини

14/10/2025  15:43

Триесет и петгодишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за износ од 1.110.000 денари, соопшти МВР.

Според пријавата, лицата го контактирале преку мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини што пријавителот сакал да ги купи. По договорот, тој, по нивни насоки, ги предал парите на едно од лицата преку каса прими на приватен субјект.

Кога подоцна се обидел да ги подигне машините, лицето му рекло дека работи сам и дека парите требало да се уплатат на негова сметка. Пријавителот потоа забележал дека истите машини повторно се огласени за продажба и сфатил дека бил измамен.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.