Skip to main content
Хроника

Кучиња скитници нападнале 2-годишно дете, со тешки повреди пренесено од Битола во Скопје

07/02/2026  16:00

На 06.02.2026 во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.