
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа куче врзано за автомобил во движење и како се влече по улица.
Снимката предизвика остри реакции на социјалните мрежи, каде јавноста повика на одговорност на човекот кој ја сторил оваа суровост кон животното.
По реакциите во јавноста полцијата го пронајде сопственикот на возилото со кое беше влечено кучето и по службен разговор со него му поднесе кривична пријава.
ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради мачење на животното.
„На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“ се вели во соопштението.