Skip to main content
Македонија

Крстевски не разговарал за градоначалник на Кочани, вели дека Владата прво треба да каже дали ќе има избори

31/03/2025  10:57

Венко Крстевски, кој втор мандат е независен советник во Општина Кочани, вели дека нема со никого разговарано за да биде кандидат или в.д. градоначалник. Тој посочува дека за информацијата дека тој се споменува како можен кандидат, ја дознал од медиумите.

„Нема ништо официјално, утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или ќе се бира од редот на советниците. Инаку со никого немам разговарано“, вели Крстевски за „Скопје1“.