Skip to main content
Македонија

Кризна состојба во Кичево од поплавите – општината бара помош од Армијата и приватни компании

15/02/2026  13:40

Општина Кичево велат дека се преземени сите максимални мерки и сите расположливи капацитети се целосно ставени во функција на терен поради настанатата кризна состојба предизвикана од поплавите.

-Во насока на побрзо и поефикасно справување со состојбата, побарана е дополнителна помош од Министерството за одбрана и Министерството за животна средина.

Ангажирани се сите приватни компании кои располагаат со тешка механизација, со цел да се вклучат во интервенциите и расчистувањето на критичните точки.

,,Упатуваме апел за смиреност, трпение и соработка до граѓаните. Се преземаат максимални напори за да се надмине оваа кризна ситуација и да се обезбеди навремена помош и безбедност за сите засегнати. Општина Кичево ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за развојот на состојбата” – велат од Општината.