Skip to main content
Спорт

Криза на довербата во ВАР, Македонија сведок на уште еден судиски скандал

22/09/2025  16:09

Екипата на Вардар викендов славеше победа од 3-1 против Работнички, но триумфот остана во сенка на реакциите за арбитражата. Најмногу внимание привлече пеналот кој „црвено-црните“ го добија во 41. минута по досудена игра со рака.

Одлуката на главниот судија беше потврдена и од ВАР технологијата, што дополнително ги разгори реакциите. Денеска на темата се огласи и српскиот „Спорт клуб“ со текст под наслов: „Само во Македонија: Пенал каков што не сте виделе, ВАР го потврди“.

„Кога не оди, тука е судијата да поттурне. Ниту ВАР технологијата не е проблем, важно е кој седи во собата, барем во македонскиот фудбал. Ситуацијата која се случи во шеснаесетникот е за пререскажување. Во 41. минута домашен играч центрираше, топката погоди противник речиси во градите, а играчите на Вардар побараа пенал. И го добија, судијата покажа на белата точка“, пишува во анализата.

Оваа ситуација отвори нови дебати за критериумите и користењето на ВАР во македонскиот фудбал, каде спорните одлуки често ја вжештуваат јавноста и предизвикуваат сомнежи за регуларноста на натпреварите.