
МВР информира за кривична пријва против двајца од селото Дорфулија.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против М.А.(20) од село Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете”.
Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во село Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница. Додека, второпријавениот, татко на детето, не презел мерки за да ја спречи, туку ја прифатил и одобрил вонбрачната заедница, информираат од МВР.