Skip to main content
Хроника

Кривична за паланчанец, со остар предмет се заканувал на продавачка

18/08/2025  18:40

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ф.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

– На 21.07.2025 во село Узем, кривопаланечко, пред продажен објект, тој со остар предмет упатил закани кон вработената во објектот, информираа од полицијата.