Skip to main content
Хроника

Кривична за маж, измамил лице за сигурни спортски типови

12/06/2025  14:06

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за „сигурни спортски типови со загарантирана добивка“ стапило во контакт со оштетеното лице.

При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на начин преку прикажување лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе и биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157,00 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка, соопштија од МВР.

Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156,00 евра, кои парични средства исто така во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.