Skip to main content
Хроника

Кривична за градоначалникот на Кичево за „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “

29/07/2025  12:36

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата ” и „загрозување на животната средина и природата со отпад “.

Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен  надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, односно со нив да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрози нивниот опстанок.