Skip to main content
Хроника

Кривична за две лица, влегле во домот на кавадарчанец украле пари и 10 литри ракија

23/05/2025  14:29

Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против две лица, 32-годишниот Џ.Н. од Велес и 22-годишниот Ј.Ф. од Кавадарци поради сторена кражба во Кавадарци.

„Имено на 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена“, информираат од полицијата.

Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.