Skip to main content
Хроника

Кривична за 75-годишник од Трубарево, пронајдени оружје и муниција во неговиот дом

17/12/2025  13:45

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.С.(75) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 11.09.2025 во с.Трубарево, скопско полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловна пушка карабин, пиштол „М57″ со рамки, чаури и 87 куршуми различен калибар, кои неовластено ги поседувал.